Во две експлозии во централен Авганистан, во провинцијата Бамијан, загинаа најмалку 14 лица, а 45 се повредени, соопштија денеска властите. Во исто време, меѓународната заедница побара помош за Авганистан во Женева, објави Ројтерс.
Експлозивните направи биле скриени покрај патот, во близина на главната чаршија во градот Бамијан, а во експлозијата загинале 12 цивили и двајца сообраќајни полицајци, а 45 минувачи биле повредени, изјави Забардаст Сафаџи, шеф на полицијата во таа провинција.