Едно лице загина во судар на два мали авиони над канадскиот главен град Отава, соопшти локалната полиција прецизирајќи дека несреќата се случила над западниот дел на градот малку после десет часот претпладне по локално време.

Полицискиот наредник Џејми Харпер изјави дека еден авион се урнал во поле, а другиот со мали оштетувања успеал да слета на Меѓународниот аеродром во Отава.
Загинало лицето кое било во авионот кој се урнал, додека во вториот авион никој не е повреден.
Не е познато колку точно луѓе имало во двата авипони.