Еден загинат и четворица повредени е билансот на пожарот во стан на 50-от кат на кулата Трамп во Њујорк.
Според полицијата, жртвата е 67-годишен маж, кој бил пронајден синоќа во бесознание во станот што горел, и подоцна починал во болница.
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари.
– Огнот беше многу тежок, станот беше на 50-тиот кат, а во останатиот дел од зградата имаше многу чад – напиша на Твитер комесарот на противпожарната бригада Даниел Нигро.
Истрагата за причината за пожарот е во тек.