Во две големи разузнавачки операции со поддршка на Европол со цел сузбивање трговија со нелегелно оружје во Европа, запленети се повеќе од 700 парчиња оружје, вклучувајќи минофрлачи и митралези, соопшти Европол.
Операцијата „Колумби“ ја предводеле словенечките власти и стотици полицајци работеле заедно на териториите на Хрватска, Словенија и Шпанија со цел пресретнување на илегланото оружје и разбивање на мрежи кои се занимаваат со негова трговија.
Околу 40 парчиња оружје се запленети во Словенија и Хрватска, а уапсени се 33 осомничени во координирани акции на 14 јуни, стои во соопштението на Европол.
Операцијата е дел од пошироката европска стратегија што ја развиле полициските власти на Европската унија, американската ДЕА и Европол, со цел борба против криминална мрежа позната како „Балкански картел“.
Во Франција од 12 до 14 јуни е спроведена операција „Армес 72″ во чии рамки се претресени околу 100 куќи на 50 локации во земјата, се наведува во соопштението на Европол.
Уапсени се 30 осомничени, а запленети се 700 парчиња оружје меѓу кои 50 митралези и 250 пиштоли. Во оваа операција учествувале околу 600 француски полицајци.