Војната во Либија би можела да принуди повеќе од 800.000 мигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди шефот на меѓународно признатата либиска Влада, Фајез ел Сараџ.
– Нема да бидат само 800.000 мигранти подготвени да тргнат, туку и Либијци ќе бегаат од војната, бидејќи во јужниот дел на Либија повторно се активирале борците на џихадистичката група Исламска држава- истакна Сараџ во интервју за италијански медиуми.
Либија е и одредиште и транзитна земја за африканските мигранти кон европските брегови.
– Соочени сме со агресивна војна, која би можела да го прошири своето зло низ Медитеранот. Италија и Европа мора да бидат обединети и строги во спречувањето на војната на Калифа Хафтар, човек кој ја предаде Либија и меѓународната заедница, додава Сараџ, нагласувајќи дека „уништувањето ќе ги зафати и соседните земји“.