Словенечката полиција утрово ги евакуираше присутните на главната железеничка станица во Љубљана и жителите на околните згради поради оставена сомнителна торба.
Торбата била забележана околу 7 часот утрово на железничката станица, по што полицијата го блокирала целиот реон.
На местото на настанот пристигнале и припадници на специјалните полициски единици, кои ја провериле торбата и констатирале дека во неа има само облека и дека таа не претставува никаква опасност.