Бразилските власти денеска спроведоа евакуација на околу 700 лица поради опасност од попуштање на втората брана во рудникот „Гонго Соко“ во близна на местото Виља Фертеко, каде пред две недели загинаа најмалку 157 лица, а над 180 се уште се водат како исчезнати, откако пукна првата брана и предизвика поплави и наноси од вода, кал и јаловина.
Рудникот во сопственост на бразискиот рударски гигант „Вале СА“ се наоѓа во сојузната држава Минас Гераиш во југоисточниот дел на Бразил.
Властите информираа дека о длуката за евакуација е донесена како превентивна мерка, откако консултантската компанија „Волм“ изразила сомнежи во веродостојноста на извештајот за стабилноста на браната.
– Тоа е мерка на претпазливосѕ, додека да се извршат понатамошни тестирања и да се спроведат мерки за ублажување на опасноста, се додава во соопштението, без да се прецизира кога евакуираните лица ќе можат да се вратат во своите домови.
Причините за уривањето на првата брана на 25 јануари, која била изградена во 1976 година, се уште не се официјално соопштени.
Слична трагедија во Минас Гераиш се случи и во 2015 година, при што загинаа 19 лица. сп/