Во Демократска Република Конго од 4 април до 13 мај регистрирани се 39 пациенти зболени од ебола, се наведува во денешното соопштение на Светска здравствена организација.
Со заболените контактирале 393 луѓе, кои се под лекарска контрола.
Но, и покрај појавата на ебола во ДР Конго, СЗО се уште нема предложено формирање на вонреден комитет.
Според СЗО од декември 2013 до јуни 2016 година во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне починаа над 11.000 луѓе од ебола.