Двајцата астронаути кои слетаа на Меѓународната вселенска станица кон крајот на мај користејќи ја капсулата на приватната компанија „Спејс екс“ на Илон Маск, би требало денеска да се вратат на Земјата ако има временски услови за тоа.
Американските астронаути Боб Бенкен и Даг Харли треба да слетаат попладнево на една од седумте локации во Мексиканскиот Залив или Атлантскиот океан.
– Најтешкиот дел беше лансирањето, но најважно е да се вратиме дома – рече Бенкен во саботата.
Менаџерот на екипажот на НАСА, Стив Стич, изјави дека слетувањето може да се случи в понеделник, поради ураганот Исајас кој се заканува на Флорида.