Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот „Црвена звезда“ во Белград. Дваесетина припадници на полицијата влегле во куќата на бегалецот и во неа пронашле уште еден српски државјанин, како и лабораторија за одгледување марихуана. Уапсен е и друг Србин.
На местото на апсењето е пронајдено и возило украдено во Португалија.
Истрагата започнала во мај, кога полицијата дознала дека има индиции дека бегалецот се крие во Шпанија, а потоа успеале да го лоцираат во неговиот дом во Малага.
Уапсениот Србин е обвинет за трговија со дрога, кражба на возила и одреден му е екстрадициски притвор. Како што наведуваат шпанските медиуми, натпреварот во кој навивачите го нападнале членот на ривалската група, се одиграл во рамките на Купот на Србија на стадионот „Црвена звезда“ во Белград.