Ендрју Куомо, гувернер на американската сојузна држава Њујорк, поднесе оставка откога истрагата утврди дека сексуално злоупотребувал повеќе жени, пренесува „Си-ен-ен“.
Куомо, како што покажа истрагата, без согласност, прегрнувал, допирал, бакнувал и им давал несоодветни коментари на жени, од кои 11 се многу млади, рече главната обвинителка Летиција Џејмс.
Куомо ги отфрли сите обвиненија. Призна дека можеби се однесувал на начин што направил некои луѓе да се чувствуваат непријатно. Тој рече дека тоа не го направил намерно и се извини. Подоцна додаде дека неговите постапки не треба да се класифицираат како сексуално вознемирување.