Од удар на гром загинаа десет деца во мал град во Уганда, во близина на границата со Конго, соопшти локалната полиција.
Децата, на возраст од 9 до 16 години, се засолниле од дождот во куќа со сламен покрив, кадешто удрил гром, јавува АП. Тие претходно играле фудбал на блискиот терен, изјави Џозефин Агнусија, портпаролка на полицијата во покраината Западен Нил.
Агнусија додаде дека се повредени уште четири деца.
Смртоносните молњи обично се зебележани во источноафриканската земја за време на влажните сезони. Во некои случаи, се случувало гром да удри во училница и да усмрти деца додека се на училиште. Многу училишта, особено во руралните области, не се опремени со громобрани.