Грета Тунберг ги повика светските лидери да престанат да користат „умни сметководствени и креативни ПР служби“ за да избегнат реална акција за климатските промени.
– Вистинската опасност доаѓа кога политичарите прават да изгледа како вистинска акција да се случува, но всушност, речиси ништо не е направено од паметните сметководители и креативните ПР-служби – изјави 16-годишната Швеѓанка, за време на Конференцијата за климатски промени во Мадрид.
Таа предупреди дека часовникот отчукува како се доближуваат децениите до својот крај.
– За само три недели ќе влеземе во нова декада, која ќе ја дефинира нашата иднина. Сега сме очајни за каков било знак за надеж – порача Тунберг.
Младата активистка ги обвини светските лидери дека прават постојани обиди да најдат дупки за да избегнат да направат значителни промени.