Премиерот на Украина, Алексеј Гончарук поднесе оставка денеска, јавува Ројтерс. Од кабинетот на претседателот на Украина, Владимир Зеленски соопштуваат дека ќе го разгледаат писмото со оставката на премиерот.
– Бев во позиција да ја исполнувам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и демократија. Меѓутоа, за да избегнам какви било сомнежи во врска со почитувањето и довербата во претседателот, напишав писмо со оставка и му го предадов, со право да го поднесе во парламентот – наведува Гончарук во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.