Голем терористички напад се случил во Сирија, известуваат светските агенции.
Според првичните информации, нападнат бил автобус, а загинале најмалку 25 лица.
Нападот се случил на автопат во сириската провинција Дир ес-Зур, која се граничи со Ирак, пренесе „Ројтерс“.
Досега не се соопштени други детали за инцидентот во областа, каде што се наоѓаат повеќето сириски војници и милитантите поддржани од Иран, во близина на античкиот град Палмира, додава агенцијата.