Нобеловата награда на годинешните лауреати им беше врачена во своите домови, додека оркестарот изведуваше класични композиции во речиси празната сала на градското собрание во Стокхолм.

– Ова е навистина поинаква церемонија на Нобеловата награда – рече шведскиот крал Карл Густав, кој обично ги дели наградите, во пораката од кралскиот дворец.

Церемонијата на доделување на наградите беше пренесувана во живо, а сите лауреати останаа во своите домови поради пандемијата на коронавирусот.

Мајкл Хотон, кој заедно со Харви Алтер и Чарлс Рајс ја доби Наградата за медицина, беше облечен во секојдневна облека во својата градина во Калифорнија кога ја доби наградата.

Исто како и добитничката на наградата за литература, Луиз Глук, која ја доби наградата во својата градина во Бостон.

Некои од нив имаа заштитни маски кога им беа врачени медал и диплома, со парична награда од 1,1 милион долари.

– Се надеваме дека ќе имаме можност да ја прославиме следната година на вистински вообичаен начин – рече Берит Рајс-Андерсен, претседател на норвешкиот Нобелов комитет.