Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.
– Осомничениот наведе дека тоа го сторил од одмазда затоа што студиото му украло идеја за проект – соопшти полицијата.
Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во зградата на три ката на компанијата „Кјото Анимејшн“ додека во неа имало многу луѓе. Компанијата произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.