Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен побара за Бундесверот – вооружените сили на земјата, дополнителни 15 милијарди евра до крајот на парламентарниот мандат (до 2021 година) и уште 10 милијарди евра за следната 2022 година, јави денеска весникот „Билд“, повикувајќи се на доверлив документ на Министерството.
Без дополнителните средства ќе бидат загрозени повеќе од 200 нови проекти во сферата на одбраната, се наведува во документот. Расходите за воени трошоци, сепак се на второ место во германскиот буџет – за Бундесверот во тековната година се одвоени 38,5 милијарди евра, а за следната година се предвидени 41,5 милијарди евра.
Фонд дер Лајен одамна инсистира за зголемување на буџетот за одбрана на среден рок до 1,5 од БДП на земјата. Според неа, тој треба да достигне околу 60 милијарди евра годишно.
Канцеларката Ангела Меркел вчера изјави дека Германија планира уште повеќе да ги зголеми трошоците за одбраната, со цел да стигнат до два отсто од БДП, но реално, земјата нема да го постигне тоа во следните 10 години.