Во јужниот дел на Јапонија се активираше вулкан, првпат по 250 години, поради што властите забранија пристап до планината.
Јапонската метеролошка агенција соопшти дека ова е прва ерупција на вулканот од 1768 година и оти од вулканот излегуваат чад и пепел. Забраната за движење околу вулканскиот кратер, Агенцијата ја прошири на целата планина.
Вулканот е дел од планинскиот синџир Киришима, на јужниот јапонски остров Кјушу.
Локалните власти соопштија дека денеска на кратко престанале експлозиите, но населението се предупредува на можно паѓање вулкански камења и пепел.
Во Јапонија има 110 активни вулкани.