Во судир меѓу автобус и багер во Медина загинаа 35 странски државјани, пренесуваат светските медиуми.
Несреќата се случила синоќа во центарот Ал-Акхал во западниот дел на Саудиска Арабија.
Според информациите, во несреќата загинале арапски и азиски верници кои во Саудиска Арабија дошле на аџилак.
Портпаролот на полицијата ја потврди несреќата и додаде дека станува збор за приватен автобуски превозник со 39 странски патници.