Сириските трупи го одбија нападот во северната провинција Хама во Сирија, елиминирале повеќе од 40 припадници на групата Ал Нусра фронт и уништиле неколку оклопни возила, јави ТВ каналот „Мајден“.

Терористичките групи се обиделе да ја повратат контролата над местото Кфар Набуда, 15 километри од нивното упориште во Кан Шајкун, но, како што пренесе руската агенција „ТАСС“, сите досегашни напади биле одбиени.

Сириската војска извела и повеќе ракетни напади на логистичката база на Нусра фронт во покраината Идлиб, во северозападниот дел од Сирија.

Воените операции на сириската армија се насочени кон преземање на контролата над автопатиштата кои ги поврзуваат Хама и Алепо.