Хасан Абу Харбид, командант на северната дивизија на палестинското движењето Исламски џихад, е убиен во денешниот израелски воздушен напад, потврдено е од извор во израелската армија и во Исламски џихад, кој најавува одмазда.
Смртта на командантот на Исламски џихад, очигледно, ќе предизвика жесток одговор од палестинската страна среде сè потешките конфликти меѓу Израел и Хамас, пренесува „Ројтерс“.
Исламски џихад не ја потврди веднаш веста за неговата смрт. Малку подоцна, на социјалните мрежи се појавија фотографии од телото од мртовечницата, на кои јасно се гледа лицето на Абу Харбид.
Во соопштението на израелската армија се потврдува дека командантот Харбид е ликвидиран и се наведува дека тој е одговорен за неколку напади со противтенковски ракети врз цивили во Израел.
Харбид командувал со Исламски џихад во последните 15 години, се наведува во извештајот на израелската војска.