Во главниот град на Катар, Доха, денеска продолжуваат преговорите меѓу проширената делегација на авганистанското талибанското движење и делегацијата на САД, предводена од Залмај Халилзад, пренесуваат светските агенции.
Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахида изјави дека заменикот на водачот на движењето, мулата Абдул Гани Барадар веќе пристигнал во Доха на преговори со американските пратеници.
Приклучувањето на мулата Барадар на преговорите за регулирање на состојбата во Авганистан го поздрави норвешкиот дипломат Каи Еиде, кој од 2008-2010 беше специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за Авганистан. Тоа значи, рекол Еиде, дека групата во Доха сега поактивно ќе ги усвојува одлуките отколку досега.
-Со оглед на моето десетгодишно искуство, сметам, дека и пред апсењето тој беше најпознатиот водач на талибанците од редовите на поборниците за политичко решавање на судирот – рекол Еиде.
Колку за потсетување: мулата Барадар се вбројува меѓу основачите на талибанското движење. До октомври 2018 година тој беше затворен во еден од пакистанските затвори, но беше ослободен „во рамки на напорите за покренување мировен процес“. Беше вклучен во состав на делегацијата предложена од страна на талибанците за учество во преговорите.
Последниот круг преговори е одржан пред еден месец, кога двете страни објавија дека „во принцип“ се договориле за рамковната програма за повлекување на американските војници, во замена за ветување на талибанците дека нема да ја заземат територијата на таа земја за организирање терористички апади против САД и нивните сојузници.