Данската полиција денеска уапси две лица под сомнение дека купувале дронови за Исламска држава во Сирија и во Ирак.
По апсењето, припадници на полицијата и на Данската безбедносна служба (ПЕТ) извршиле рации во поширокиот регион на Копенхаген.
Приведените утре ќе бидат сослушани зад затворени врати, а се очекува Обвинителство да побара притвор.
Се уште не е познато дали приведувањето е поврзано со минатогодишното апсење на 28-годишен маж во Данска, осомничен дека дронови, како и делови за беспилотните летала и инфрацрвени камери и доставувал на ИД преку Турција.