pixabay

Во тек е спасувачка акција

Два товарни брода се судриле во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, објавија шведските медиуми, повикувајќи се на вест на шведската поморска управа.

Едниот брод бил регистриран во Данска, а другиот бил британски, објави Шведската јавна телевизија СВТ на својата веб-страница.

– Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се случило. На данскиот брод имало најмалку две лица. Во тек е голема спасувачка операција – изјави портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен, додавајќи дека едниот брод бил долг 90, а другиот 55 метри.