Во авионската несреќа што се случи синоќа на московскиот аеродром „Шереметјево“, откако се запали авион загинаа 41 лице.

– Во авионот на лет од Москва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци достапни на истрагата, 37 од нив преживаја- изјави портпаролката на Истражниот комитет Светлана Петмеко.

Бројот на жртвите го потврди и портпаролката на московското истражно одделение за меѓународен транспорт, наведувајќи дека загинале 41 лице.

Меѓу 37 преживеани, четворица се членови на екипажот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани. Сè уште се испитува причината за несреќата.