Возач на такси службата „Убер“ призна на суд дека меѓу возењата кои ги спроведувал за компанијата, убил шест лица, пренесува „Гардијан“. Признанието на Џејсон Далтон доаѓа како изненадување, откако изминаа повеќе од 3 години серијата на напади, кои се случија во рок од неколку часа во местот Каламазу, во сојузната држава Мичиген во САД.
Далтон ненадејно се изјасни за виновен за обвиненијата за убиство и обид за убиство и покрај приговорите на неговиот адвокат. Со овие признанија, се зголемија шансите обвинетитот да добие доживотна затворска казна без можност за помилување.
Четириесетиосум годишниот Далтон одговори позитивно на низа од прашања со кои призна дека пукал во осум луѓе на три локации. По неговто апсење, полицијата објави дека тој истакнал дека „ѓаволот“ го контролирал за време на нападите.
Четири жени беа убиен пред ресторан во близина на местото Каламазу, додека татко и неговиот 17-годишен син беа убиени со прострелни рани додека разгледувале возила во отворена продавница. Исто така, Далтон пукал и во главата на 14-годишно девојче кое преживеа, додека осмата жртва беше повредена, без фатални последици.
Обвинетиот се смета за метално здрав за судење откако судот ја отфрли можноста на одбраната дека тој е ментално нестабилен човек. Во судот, тој не објасни зошто по случаен избор пукал во осум различни лица.
Џејсон Далтон е татко на две деца, работел како агент за осигурување и немал полициско досие пред овие настани за кои се суди.
Обвнителот во неговиот случај изјави дека мотивот за серијата на убиства и обиди за убиства е прашањето кое сè уште не може да се одговори, а адвокатот на обвниетиот по неговото признание изјави дека причините за него се личини и дека Далтон не сака да создава дополнителни проблеми за неговото и за семејството на жртвите.