Виетнамската полиција уапси две лица под сомнеж дека се вмешани во смртта на 39 луѓе чиишто тела беа пронајдени во камион минатата недела во близина на Лондон, соопштија властите во земјата.
– Откако 10 виетнамски семејства пријавија дека нивни роднини исчезнале, стравувајќи дека се меѓу 39-те жртви, регионалната полиција покрена кривична истрага под сомнеж за трговија со луѓе – се наведува на официјалниот сајт на полицијата.
Во рамки на истрагата, две лице се приведени, а останатите се однесени на сослушување, се наведува во соопштението.
Полицијата ќе истражува и слични инциденти што се случиле во изминатите пет години, пренесе „Ројтерс“.
Виетнамскиот премиер, Нгујен Суан Фук нареди на 26 октомври да се покрене истрага, откако британската полиција соопшти дека дел од лицата пронајденои во камионот можеби се од оваа земја.