Венецуелската Влада денеска донесе одлука со која му се забранува на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо да извршува јавна функција во следните 15 години.
Одлуката која денеска ја соопшти државниот ревизор го зголемува притисокот врз претседателот на Националното собрание и самопрогласен шеф на државата кој се обидува да го смени од власт претседателот Николас Мадуро.
Владата наведе наводни нерегуларности во финансиските податоци на Гуаидо, кој рече дека очекува поголеми напори од Мадуро за да го потисне неговото опозициско движење поддржано од САД.
Државниот ревизор Елвис Аморосо, кој ја следи транспарентноста на администрацијата, денеска соопшти дека на „граѓанинот Хуан Гуаидо му се забранува да биде носител на јавна функција во законски максимално предвидениот рок поради наводна корупција. максималната казна е 15 години. Тој тврди дека имало противречности во податоците на Гуаидо во анкетниот лист за неговата имотна состојба.