Европскиот суд на правдата пресуди дека Велика Британија може да го поништи брегзит без да побара согласност од другите 27 членки на Европската Унија (ЕУ). Судиите одлучија дека процесот за брегзит може да биде прекинат без да се менуваат условите за членство на Велика Британија во ЕУ, пренесе британски Би-би-си.
Група на анти-брегзит политичари сметаат дека Велика Британија би можела еднострано да го запре процесот на напуштање на Унијата, но со таа констатација не се согласуваат владата на Обединетото Кралство и ЕУ.
Одлуката на Судот на правдата доаѓа еден ден пред гласањето на пратениците за тоа дали се согласуваат или не со договорот на премиерката Тереза Меј за напуштање на Унијата.
Според медиумите од островото, одлуката на Европскиот суд на правдата отворила реална и остварлива можност Британија да остане во ЕУ, а токму оваа одлука можеби ќе ги премисли пратенците да гласаат против брегзит.
– Многу работи треба да се променат во британската политика за Велика Британија да остане во ЕУ. Тереза Меј и Владата треба менувањето на одлуката за брегзит да ја направат „политичка реалност“ – пренесе новинарот на Би-би-си од Брисел, Адам Флеминг.