Британскиот премиерот Борис Џонсон ќе оди две недели на таковско породилно отсуство налето, кога треба да се породи неговата партнерка Кери Сајмондс, соопшти „Гардијан“.
На прес-конференцијата за коронавирусот завчера, премиерот Џонсон истакнал дека најверојатно ќе го искористи своето право на двонеделно отсуство, одговарајќи на новинарско прашање
Доминик Рааб, првиот државен секретар и министер за надворешни работи, ќе го замени Џонсон за време на отсуството.
Џонсон изминатиот викенд објави дека очекува дете со Сајмондс и дека се свршени.