Владите на ЕУ мора да постигнат напредок со европските сили за брза реакција за да бидат подобро подготвени за идни кризи, како онаа во Авганистан, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Села“, Борел изјави дека забрзаното распоредување на американски војници во Авганистан покажало дека Европската унија треба да ги забрза напорите за изградба на заедничка одбранбена политика, пишува „Ројтерс“.
– Мора да извлечеме поуки од ова искуство бидејќи не успеавме да испратиме 6.000 војници околу аеродромот во Кабул за да ја обезбедат областа, а тоа го направија САД – рече Борел.
Тој додаде дека 27-те членки на ЕУ треба да имаат почетна сила од 5.000 војници и дека тие мора да бидат способни брзо да реагираат.