Авион „боинг 767“ на лет од Анталија, Турција, до Владивосток на крајниот исток на Русија, денеска итно слета во сибирскиот град Краснојарск, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на агенцијата „Интерфакс“.
Како што рекле извори на аеродромот за агенцијата, авионот побарал итно слетување додека бил над Краснојарск.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или повредени, како и други детали.