Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, лапароскопски бил опериран во болница во Милано, поради опструкција на црева.
Кабинетот на 82-годишниот политичар соопшти дека операцијата била успешна и тој се чувствува добро.
Се очекува Берлускони да излезе од болница за неколку дена.
Тој беше хоспиталиран вчера.