Полицијата во Берлин изврши претрес на неколку објекти поврзани со организиран криминал од страна на арапски клан, соопштија берлинските власти.
– Претресот беше извршен под сомнение за кривични дела нелегална трговија со дрога и нелегално поседување оружје – соопшти полицијата во Берлин за операцијата, во која учествувале околу 200 полицајци.
Акцијата е насочена против арапски клан чии криминални активности со години биле во центарот на вниманието на јавноста во Берлин, но и во други делови на Германија, како што е областа Рур, каде што е присутен клански организиран криминал на арапски имигранти од Либанон.
Членовите на овие семејства се осомничени, меѓу другото, за спектакуларни грабежи на накит од луксузната стоковна куќа КаДеВе во Берлин и кражба на златна монета од 100 килограми од музејот Боде во Берлин.
На ова арапско семејство, со потекло од Либан, му се одземени 77 станови во Берлин пред две години, во вредност од 9 милиони евра, под сомнение дека зад нивното купување стои перење пари.
Во 2018 година, Берлинскиот сенат донесе план за систематска борба против организираниот криминал со кланска заднина во Берлин.
Станува збор за неколку големи семејства кои дојдоа во Германија како воени бегалци кон крајот на 1970-тите и во меѓувреме создадоа паралелни структури кои се истакнуваат со негирање на германските власти и закони.