Припадникот на белгиската армија Јирген Конингс, инструктор за гаѓање, се одметнал со оружје и ја крена цела Белгија на нозе, но и соседните земји кои се понудиле да помогнат.
Станува збор за десничарски екстремист, кој оставил зад себе три проштални писма и вооружен до заби ја напуштил касарната во Леополдсбург, за да се пресмета со човекот против кого извесен период пишувал заканувачки писма. Оставил три проштални писма и се упатил во непознат правец.
Во Белгија од вчера е прогласено највисоко ниво на опасност и околу 250 припадници на специјалните сили се тргнати во потера, заедно со хеликоптери од Холандија и војници од Германија. Се пребарува парк-шумата од 12.000 хектари, близу до границата со Холандија, но веќе постојат сомневања дека војникот успеал да се извлече и да се доближи до своите потенцијални жртви.
Според прошталното писмо, тој не се чувствувал добро од коронавирусот, за што и јавно пишувал против вирологот Марк Ван Ранст, кој се сметал за водечки стручњак во Белгија во оваа област и бил на чело на јавното здравство во соочувањето со пандемијата.
Вирологот и неговото семејство се евакуирани на непозната локација, но безбедносните сили се и натаму на готовс, бидејќи надлежните соопштиле дека Конингс „може да биде многу насилен“ а има минато толку квалитетна обука што ако сака „може да се скрие и од нас“.