Aмериканскиот претседател, Џо Бајден, имаше неколку неприкладни коментари во телевизиски говор, во кој зборуваше за воведување задолжителни вакцини меѓу приватните работодавачи, како на пример оној кога на градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут, ѝ се обрати со „господине“.

– Господине градоначалник, ви благодарам за поканата да го посетиме вашиот град. Ви велам, секој пат кога доаѓам во Чикаго сакам да украдам некого и да го вратам во Вашингтон. Ова го направив неколку пати – рече Бајден (78) пред градоначалничката.

Некои од присутните сфатиле дека Бајден всушност мислел на градоначалникот на Елк Гроув Вилиџ, Крег Џонсон, пишува „Експрес“. Имено, за време на своето патување во таа населба во Илиноис, претседателот ги повикал приватните работодавачи да воведат задолжителна вакцинација.

Но, тоа не е крај на приказната. Бајден направил дополнителна грешка кога се обидел да се повика на претседателот на Сенатот во Илиноис, Дон Хармон.

Американскиот претседател потоа ја замени телевизијата со телефонски разговор кога им раскажа на гледачите за комуникација со вработен во болница.

– Синоќа бев на телевизија, на телевизија… Всушност, имав телефонски разговор со лице од одделот за итни случаи во една болница – се присети тој.