Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден изјави дека немирите кои денеска се случија во Вашингтон не ја претставуваат Америка.
– Во овој момент, нашата демократија е нападната, се случи напад врз тврдината на слободата – Капитол, напад врз претставници на народот и јавни службеници, полицајци чија работа е да го штитат мирот – рече тој.
Додаде дека станува збор за мала група екстремисти.
„Ова е хаос и мора да заврши сега“, порача Бајден. Тој ја повика толпата да се повлече и да дозволи демократијата да ја продолжи својата работа.
„Го повикувам Трамп да излезе на национална телевизија и да ја исполни својата заклетва, да го брани Уставот и да побара прекин на оваа опсада“, рече Бајден, додавајќи дека следните четири години мора да бидат обновување на демократијата, владеењето на правото и пристојноста.