Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска во Белата куќа ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за да разговара, меѓу другото, и за превирањата на Западен Балкан, како што наведува агенцијата „Ројтерс“,
Средбата во Вашингтон доаѓа веднаш по среќавањето на самитот Г20 во Рим и на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, потсетува британската агенција.
Белата куќа соопшти дека лидерите ќе разговараат за серија насоки за економијата преку заедничкиот Совет за трговија и технологија на САД и ЕУ, како и за глобалното затоплување и регионалните прашања, како што се Украина и Западен Балкан.
„Ројтерс“ наведува дека Бајден прави обиди да ги зајакне врските со Европа откога неговиот претходник Доналд Трамп ги отфрли европските сојузници и институции за време на својот мандат.
– Претседателот Бајден ќе ја потврди својата поддршка за Европската Унија како фундаментален партнер на Соединетите Американски Држави – нагласува портпаролката на Белата куќа, Емили Хорн, во соопштението.