Главниот преговарач на Европска унија за Брегзит, Мишел Барние денеска изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ нема да биде постигнат пред ноември, бидејќи преговорите за време на викендот наидоа на препреки.
Барние истакна дека има уште неколку проблеми кои не се решени, вклучително и спорната граница помеѓу Северна и Република Ирска.
– Ќе го искористиме времето мирно и на сериозен начин да дојдеме до сеопфатен договор во следните неколку недли, посочи Барние.