Во касарната „Едерле“ во Виченца, која се наоѓа во рамки на американската воена база во тој италијански град, ноќеска во својата соба е пронајден мртов 24-годишен американски војник.
Се очекува со аутопсија да биде утврдена причината за смртта.
Италијански медиуми наведуваат дека во врска си случајот постои максимална тајност, но се дознава дека на војникот му се слошило во собата и дека набрзо срцето престанало да му работи.
Роднините на починатиот војник се известени и треба да дојдат во Италија.