Над 1.100 цивили биле убиени во напади од воздух на коалицијата предводена од САД врз ИД во Сирија и во Ирак од почетокот на операцијата во август 2014 година. Тоа го соопшти денеска американската Команда.

Само во август имало 53 цивилни жртви.

Други организации даваат поинакви податоци. Според набљудувачите од Еаруорс, загинати се најмалку 6.575 цивили.

Коалицијата заедно со локални патрнери успеа да заземе големи територии од Сирија и од Ирак од ИД.