Американската пошта предупреди одделни сојузни држави, во пресрет на претседателските избори во ноември, дека ѝ е потребно повеќе време.
Во пресрет на претседателските избори во ноември на кои половина американски гласачи би можеле да гласаат преку пошта поради пандемијата на коронавирус, Американската пошта предупредила неколку сојузни држави дека би требало да обезбеди време за пребројување на тие гласови, пишува „Ројтерс“.
Американската пошта предупреди најмалку три сојузни држави – Мичиген, Пенсилванија и Вашингтон, дека постои значаен ризик гласачите да немаат доволно време да ги пополнат своите листи и да ги вратат на време по сегашните државни прописи, кои им овозможуваат да побараат листи само неколку дена пред изборите.
Постои можност значаен број дописни гласови на изборите на 3 ноември, да остане неизбројан ако стигнат предоцна, се наведува во предупредувачкото писмо.
– Државните и локалните претставници мораат да сфатат и да ги земат предвид нашите оперативни стандарди и препорачаните временски рокови – рекла портпаролката на Американската пошта, Марта Џонсон. Не кажала колку држави добиле писмо со предупредување.
Претседателот Доналд Трамп рече дека е против финансиска помош на поштата или дописното гласање во рамки на економскиот пакет помош поради коронавирусот. Трамп е против дописното гласање во широки размери сметајќи дека тоа би довело до измами.
Изборните експерти пак тврдат дека дописното гласање е еднакво безбедно како и кој било друг метод.