Личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, бара на адвокатот на порно ѕвездата Сторми Даниелс, која тврди дека имал сексуален однос со Трамп пред 12 години, да му се забрани да им се обраќа на новинарите и во јавноста да објавува информации за тој случај.
Во судскиот поднесок, Коен тврди дека адвокат на Даниелс, Мајкл Авенати му нанесува штета на случајот со тоа што од март се појавил на телевизија повеќе од 100 пати.
Тој, исто така, го обвини Авенати дека изгледа го покренува „ненаситната жед за публицитет”.
Авенати барањето на Коен го нарече „шега“
Инаку, Даниелс ги тужи Трамп и Коен, и се обидува да го поништи договор за доверливост, кој го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година.