Австралиската Влада изготви план со кој се предвидува новодоселните мигранти во Австралија наместо во големите градски центри, како Сиднеј или Мелбурн, да мора да се населуваат во помалите градови и во руралните реони.
Како што јави ДПА, со планот, што денеска го претстави австралискиот министер за градови, градска инфрастуктура и население Алан Тјуџ, се предвидува новодоселените мигранти да не смеаат да се населеуваат во големите градови во првите пет години од нивното пристигнување во Австралија.
Целта на ваквата мерка е да се ограничи зголемувањето на населението во големите австралиски градови, чија пренаселеност годишно ја чини економијата на Австралија околу 25 милијарди австралиски долари (17,7 милијарди американски долари).
– Тоа е сериозен предизвик за домаќинствата и економски предизвик за државата, изјави Тјуџ.
Тој нагласи дека со ваквиот план Владата сака да го намали „дисбалансот“ во бројот на населението меѓу градовите во земјата, па затоа на новодоселените мигранти ќе им бидат доделувани субвенции за населување во помалите места и руралните области.
Според статиситчките податоци, бројот на жителите на Австралија годишно се зголемува за околу 400.000 лица, во најголем степен поради дослеувањето на мигранти, кои најчесто се населуваат во големите градови, како Мелбурн, Сиднеј или Бризбејн.