Маж со огромен кујнски нож нападнал луѓе во трговски центар во Австралија и повредил неколкумина, по што полицијата го убила. Инцидентот се случил во трговски центар во Пилбари, во западниот дел од државата, пренесуваат светските медиуми.
Според информациите, петмина луѓе завршиле во болница по нападот, а двајца се во сериозна здравствена состојба.
– Напаѓачот се здоби со рана од куршум од пиштол, веднаш потоа е повикана итна помош. Кратко потоа човекот почина – рекол портпаролот на локалната полиција.
Еден од сведоците за Еј-би-си изјавил дека кога влегувал во трговскиот центар слушнал два истрели.
– Мислев дека луѓе се тепаат и се удираат со предмети, но тогаш влеговме и видовме како маж лежи на подот а полицајци над него. Тој беше ранет и изгледаше дека е во несвест. Лежеше на грб и се чинеше дека има рана во градите – рекол сведокот.
Уште една жена рекла дека напаѓачот имал огромен нож и дека почнал со нападот врз една жена со мало дете во количка, потоа ја нападнал неа, но таа успеала да побегне на улица. Двајца полицајци слушнале врисоци и го оневозможиле напаѓачот да повреди повеќе луѓе.
Напаѓот бил облечен во работничко одело и носел огромен кујнски нож.