Сурфер утрово бил нападнат од ајкула во југозападниот дел од Австралија. И покрај сериозните повреди и на двете нозе тој успеал да доплива со брегот, пренесе агенцијата АП.
Станува збор за маж на 30-годишна возраст кој сурфал во Грејтаун, кога околу 8 часот изутрина по локално време бил нападнат од ајкула.
Поради серизните повреди прва помош му била пружена на плажа, а потоа со хеликоптер бил пренесен во Перт.
Лекарите изјавија дека сурферот се наоѓа во стабилна состојба.