Јапонската фармацевтска компанија „Такеда фармацеутикал“ објави дека развива лек за Ковид-19, деривиран од крвна плазма, додавајќи дека преговара со властите во Европа, САД и Азија за соработка во истражувањето.
Болеста слична на грип досега уби 3 000 луѓе ширум светот, со околу 84 000 заразени.
Јапонскиот производител на лекови работи на лек добиен од крвната плазма за лекување на пациенти со висок ризик.
Тие во моментов разговараат со здравствените власти, регулаторите и партнерите во здравствениот сектор во Европа, САД и Азија за да ја забрзаат работата врз лекот.