Специјален шверцерски брод на кој биле сокриени 200 пакети хашиш бил запрен во водите на Медитеранот на југот на Шпанија, при што уапсени се тројца припадници на криминален клан, објави „Ројтерс“.
Криминалната група која шверцувала хашиш во големи количества, го привлекла вниманието на полициите на Франција, Холандија и на Шпанија од март минатата година.
Во соопштението на шпанската полиција се наведува дека се запленети над седум тони хашиш, во акцијата која ќе ги редуцира активностите на кланот што оперира на подрачјето на Гибралтар.