Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, ги поддржа протестите во САД поради убиството на Афроамериканецот за време на брутално полициско приведување и поради поширок проблем на системскиот расизам.
– Протестите против расизмот се разбирливи и се повеќе од легитимни. Се надевам дека тие нама веќе да бидат насилни, но уште повеќе се надевам дека ќе влијаат на состојбата во САД – рекол Мас.
Смртта на Џорџ Флојд ја нарече грозна и шокантна и побара разјаснување на неговата насилна смрт. Тој побара и истрага на нападот на телевизиската екипа на „Дојче веле“ во Минеаполис.
– Секое насилство кон новинари мора не само да се критикува туку и да се истражи и разјасни за новинарите да бидат заштитени за време на вршењето на својата работа – додал Мас.